Влегувањето на турците во градот Пешта - 2
Градот Пешта со вода се снабдувал од изворите во близина на манастирот Св. Илија кои се наоѓале на растојание од 10-15 километри, а од таму со ќунци била донесена до градот.
Како што раскажуваат старите дошло некое турско племе кое сдакало да влези во градот Пешта. Но неможело да влези бидејќи портите биле затворени, а ѕидините високи повеќе од 3 метра. Се обидувале со скали и скелиња да ги прескокната ѕидините но не успевале бидејќи жителите на Пешта им ги туркале. И во местото Бајворка го тепале дедото за да им каже каде е водоводот за Пешта. Но тука поминала една баба, од долното мало, и таа им кажала како да го откријат водоводот. Им рекла дека има една линија, дага, зеленило. Им рекла да затворат една маска 2-3 дена и да и даваат сол и потоа да ја пуштат таму на местото кај дагата и маската ќе почнела да копа и ќе дошла до ќунците и така ќе го откриеле водоводот и ќе му ја скинеле водата на градот Пешта. И кога тоа се случило жителите на Пешта за да се спасат на големата везна порта направиле тапани на ветер и коњите ги ковале обратно и така успеале да ги доветад во заблуда турците дека сеуште има луѓе во градот и трагите покажувале дека движењето води кон градот, а не надвор од него. По некое време кога влегле турците во градот Пешта во него ги немало жителите.
Раскажувач: Стефан Ковачески 71 година од с. Градешница, запишал Игор Тасевски, јануари 2014 год.
Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014