Gratis Joomla Templates by Hostmonster Coupon

Пиреј – Agropyron repens

Пирејот е повеќегодишно жилаво растение, високо до 1 метар со долги тенки и плоснати листови со зелена боја, а цветовите се сместени во класови.

Коренот е долг и тоа е најлековитиот дел од растението. Оваа билка расте како плевел по нивите и ливадите и е многу тешка за отстранување бидејќи ризомите се преплетуваат со корените на другите растенија. Во народната медицина пирејот се користи како лек за бронхит, астма, туберкулоза, грип и сл. Се користи при реума гихт, болести на мочниот меур, воспалителни заболувања на бубрезите, особено за исфрлање на ситни камчиња и песок од нив.

09-pirej

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски