Gratis Joomla Templates by Hostmonster Coupon

Пашканат – Pastinaca sativa

Пашканатот е 2 годишно растение од родот на цветни растенија кое има голем и вретенест корен со жолта боја.

Има избраздено право стебло кое е разгрането во горниот дел и може да достигне висина над 1 метар. Лисјата кај пашканатот се издолжени и јајчести а цветовите се во вид на соцветија со жолта боја. Оваа билка расте како дива билка на повлажни места, и се користи како лек и зачин. Поради богатата содржина на калиум е моќен диуретик па затоа се употрбува за регулирање на висок крвен притисок. Во неговиот состав има многу минерали и витамини, особено е богат со витамин Ц, кој допринесува организмот полесно да се справи со респираторни инфекции. Пашканатот го подобрува апетитот и варењето на храната, а добро влијае и на здравјето на срцето. Оваа билка уште го намалува ризикот од развој на дијабетис и е добро средство за превенција на ракот на јајниците.

07-paskanat

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски