Чемер – Gentiana lutea
Чемерот е повеќегодишна билка со цврсто и високо стебли до 1,5 метри.
Лисјата се јајчести заострени на врвот и на стеблото се распоредени еден спроти друг. Коренот на чемерот е мошне развиен, а цветовите имаат жолта боја, расте на повисока надморска височина и претежно на суви места. Коренот од чемер се користи за подобрување на апетитот, за намалување на висока температура, анорексија, го зголемува бројот на црвени крвни зрнца. Лековитото својство на оваа билка се наоѓа исклучиво во коренот кој уште се користи за закрепнување на организмот и при стомачни болести.
ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски