Рапешко Езеро
Оддалечено 32 км од Битола, вештачкото езеро во село Рапеш претставува пријатна глетка за посетителите на овие краеви и вистинско освежување во овој релативно сув регион.
Формирано за потребите на сточарите во село Рапеш, ова езеро нуди навистина пријатна локација за одмор и рекреација.