Демирхисарска верзија за потеклото на Итар Пејо
Пред сто-двеста можеби и повеќе години Итар Пејо се родил во с.Железнец, каде реката Црна на селаните им е истум до газот.
Копилешката Стојна, лична, прелична, бендене девојка, аѕер за мажење, беше останала тешка (бремена н.б.) и самага не знае од кого зашто многумина беше се тркалале со неа кај бучалото (изворот) на Црна Река. Кутрата Стојна како и растел мевот (стомакот) така се срамела и страшела од татка си. Кога дошло време за "олеснување" (породување) таа отишла кај бучалото, писнала колку глас е држи и нешто вреснало и се слизнало меѓу ноѕе. Ќе беше го стапнела ако не го слушнала врескањето на детето. Го завиткала во лисја и тревишта и го скрила во џбунот покрај дувлото. Вечерта кога темницата го покрила селото таа го наместила на една леса и го пуштила по вода. Оттогаш немало потраг од врескалото.
Кутрото детенце качено на лесата се меткало од камен до камен мо реката се пикало во вртлоците и по месец два матните менливи води го одмеле се до Мариово, до Завојот. My се наполнале очињата, ушињата, носето со кал, песок и други матежини. Дење се потпикнувало во вртлоците, а ноќе, кога месечината го одбележувала патот лесата се мрдала и така стигнал до еден вртлог, пред едно суво врбово стебло што ја попречувало реката. Претало, претало детулето ама ништо-си останало во вртологот ноќе спиело а дење пискало колку глас го држсло што би рекле барало помош. Стојан, овчарот на Мигревци во Ивени, родум од с. Градешница, како што ги навраќал овците покрај реката слушнал детски пискотници и се стрчал кон реката. Кога се поткачил на сувата врба и што ќе види: "детуле, цело помодрсмо". Брзо-брзо се маведнал го грабнал и го свиткал во гуната. Било приквечерина, заладувало, а ваму есено време: врнело шушлек-дожд мешано со снег. Стојан се извардил да не го видат и се затскрил под едно дрво, та ја отворил гуната, го подзачистил детулето од калта, му извадил едно чудо песок од устата, ушите, носето а тоа кога збрало душа вреснало. Отишол до другиот овчар, што бил близу, го замолил да ги приварди овците и колку душа го држело трчал се до Градишница кај жената. "Жено, привикиал, Господ не сакал и ни пратил детуле". Тие си немале пород та Стојаница се израдувала до немај каде и брзо-брзо го скрила детулето. Така беше го криела од "Криви очи" рамно девет месеци. За да биде тајното вистинско како велела таа, се преселила на котари кај Стојана и секое слегување во селото клавала по едма перница под клашенци покажувајќи се тешка пред жените селски. Кога дошол денот таа го истопорила малото пред селаните. Тие беше се измачудиле од неговата големина. Митрејца чешитката во селото едно погледнување извикала "Божеле колкаво дете! Ами кај го носеше мори сестро?" се прекрстила. Мајката се фалела оти уште во меот тоа јадело сланинки и бакрданик и миело млеко козјо зато уште со раѓаето имало и заби и коса. На Пејо името му го клал дедо Петко, да бил умен и среќен како него. He го однесле ни в црква, нити кај матичарот. Го гледале како очите свои што се вели. Што побарало тоа имало. Го намравиле дебело како цуце, го разгалиле а тоа се сторило ми лук ни киселима. Затоа честопати ќе речеше Пејо во одминатите години: "To шчо не зна да работа се криви татко и мајка оти не ме оставаа ни сламка да крена".
Митре таткото остаре, обеле, се подгрбави и го јадеше јанѕа за тајната што ја чуваше во себе. Веќе беше изнемоштен и одвај ги распознаваше луѓето. Лежеше цела една година на постела кај плевната. Го повика Пејо и почна да блада. He се разбираше ни самиот себе. Пејо ја вртеше жално глаучката, ронеше солзи и рикаше од жал за татка си. Митре склопи очи замина иа оној свет и не успеа да ја каже вистината. На неделата по умирањето на Митре и жена му дамлоса и умре. И таа ништо не кажа, ја однесе тајната в"гроб.
Лична Стојна седна чупа уште две-три години. Изроди уште две деца и ги фрли по реката Црна. Потоа ја мажија во Прибилци кај чорбаџијата Богослав. Тој ја зеде за синот Дамјана десетина години од неа помал. Направија свадба за приказ. Ја наружаа се со златници: гушници, обетки, руба срмајлија. He роди повеќе. Нити погледна во реката Црна зашто и се ококорувале некои детскиочиња и и се завртуваше умот. Мажот и кога порасна замина во Стамбол на печалба. Таа остана сама со свекорот оти свекрва и умре на зелено од муабетите селски за невестата и мажот и што си ги копале очите. Целата општинска власт коначеше кај нив. Стојна си беше бела-црвена. Мезе за вдовците селски, за шумарите, даскалите, за жандармите, на ајдутите и комитите посестрима. Се прикажуваше оти на рамо клала пушка берданка и кај изворот на реката Црна преноќувала. Убивала Турци-поганци од реда. Власта дала потера и награда за оној што ќе ја убие или жива донесе. Ама не ги добил златниците никој оти трупот и го нашле во Црна дури кај селото Градиште. Една вечер таа... така се наведнала на водите пенливи и се стаписала: гледа очиља на детуле каде се џарат во неа. Излегуваат од водата две рачиња и ја прегрнуваат. Таа се подала, паднала и не станала. И таа не ја кажа вистината за Итар Пејо. По раскажување на Мито Врбовски од с. Прибилци, тој сказната ја слушал од дедо му, а тој од неговиот татко, кој бил комита во четата на Јордан Пиперката. (Забележано во 1986 година од авторот во с. Прибилци, Демир Хисарско).
Трајкo Огненoвски, „Итар Пејo - македoнски шегoбиец и нарoден смешен лик“, oбјавенo вo Збoрникoт Фoлклoрoт и етнoлoгијата вo Мариoвo и Меглен , Прилеп 1994 гoдина, 207 стр.
Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014