Топонимите во регионот на Градешница, Старавина, Зовиќ
Баба е месност помеѓу Старавина и Бзовиќ. Тоа е всушност едно мало ридче. Кај народот постои уверување дека месноста го добила своето име по една зла баба која загинала од гром на тоа место.
Бог ја казнил кога еднаш ја сретнал на ритчето.
Бабари се наоѓа северозападно од Старавина, на патот за селото Бзовиќ, кај ритчето викано Баба. На Василица тука се сретнале бабари од Старавина и Бзовиќ и се испотепале. Имало доста мртви. Во нивна чест тоа место се вика Бабари.
Самовилец е местото помеѓу Старавина и Груниште. Некогаш тука се криеле самовилите и се верува дека некој старавинец имал големи маки со самовилите.
Светецот или Лешница. Светецот е карпа на која има голема фреска на св. Никола. Каменот е налик на стреа и не го фаќа вода и ветар. Пред двесте години на ова место било селото Лешница. Лешница било ограбено и запалено, а населението побегнало во леринското село Воштарани. Неодамна дошла една жена во Старавина која тврдела дека нејзината мајка била од селото лешница. Селото се наоало до сегашната река Лешница.
Душогубец висорамнина кон Градешница, богата со дабова шума. Некогаш тука смрзнала група луѓе и така загинале. Оттогаш местото го носи сегашното име Душогубец.
Пешта рид меѓу Градешница и Старавина. Има и пештера. На самото место и денеска се наоѓаат стари римски пари што говори за тоа дека тука некогаш имало населба. Можат да се најдат и остатоци од градби. Во таа дамнешна населба живееле Славјани.
Дoне Панoвски, Тoпoними вo три Меглеснки и три Мариoвски села, oбјавенo вo Збoрник Мариoвo и Меглен низ истпријата, 2000 гoдина 342 стр.
Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014