Тајната за вечната младост
Според кажувањата на жителите на мариовското село Старавина, оној кој ја има амајлијата направена од две треви кои можат да се најдат само на врвот на Кајмакчалан на планината Ниџе, ќе остане вечно млад, убав и ќе го прати среќа.
"Тревите ги викаат копида и топида. Едната од нив се вика тревата што бега, бидејќи не може да ја најде секој што ја бара. Таман ќе ја најдат и ќе пружат рака да ја скинат таа исчезнува или се губи во друга трева. Или пак ако успеат да ја скинат кога ќе ја однесат дома таа ќе се исуши или ќе ја снема. Како што кажуваат старите, од Првата светска војна од фронтот живи се вратиле само тројца Мариовци, бидејќи со себе носеле амајлија направена токму од тревата што бега".
Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014