Село Маково
Село Маково претставува влезна порта на јужно Мариово. Подигнато е на 850 м.н.в. поради што има остри зими и свеж воздух.
Маково е ојконим изведено од хипокористикот Мако.
Во 1568 живееле 160 жители. Во Првата светска војна селото многу настрадало.
Во 1932 год. била отворена кооперација на стока.
Маково се смета за централно мариовско село кое во 1961 г. броело 515 жители, а во 1994 г. останале само 98 жители.
Во Маково постои храмот Собор на св. Архангел Михаил, изграден 1860 г. во Првата светска војна до темел срушен, а во 1926 подигнат со името Св. Воскресение.
Маковци го слават Велигден.
Манастир Св. преп. Петка, подигнат и осветен во 2002 година. Се празнува на Петковден.