Село Брник
Селото е сместено на источните падини на Селечка Планина и се наоѓа на околу 713м надморска височина.
До селото се стигнува по патот за село Новаци, преку селата Маково и Рапеш.
Поради, својата скриеност во планинскиот предел,с.Брник, се одликува со планински чист воздух и еколошки чиста природа.
Низ селото поминува Брничка Река, која пак се влева во Црна Река.
Во непосредна близина на Црна Река , на околу 30 минути пешачење од Рапешки Мост во недопрената природа се наоѓа Брничкиот водопад (Слика 5).
Водопадот е доста одалечен од селото Брник и од сите околни патишта. Теренот не е обележан, па се препорачува негова посета само во присуство на водич. Водопадот претставува реткост во овие краишта , во кој водата слободно паѓа од 18м височина.
Денес селото Брник е без Брнанци.
Во селото постои чешма со бистра вода за која народот смета дека е исцелителна од разни болести и е позната како Света Неделска Вода.
Црквата во селото посветена на Св.Димитрија изградена е во 1887 година.
Брник и Груништа се единствените села кои не се приклучени на електричната мрежа.
ЖИВА ИСТОРИЈА ЖИВА ПРИРОДА
Брник, Будимирци, Градешница
ИЗРАБОТИЛ: Марија Ѓеорѓиева
Прилеп 2014